Град Скопје: Потпорниот ѕид на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство

Поврзано со дезинформациите во јавноста а во врска со срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, Град Скопје известува дека нема законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти истото е во надлежност на Министерството за здравство на Македонија.

„Попрецизно улицата Белградска е улица во надлежност и сопственост на општина Центар, за истата донесена е одлука на Совет за одржување од страна на Град Скопје, кое во ниту еден случај не значи изградба на улица ниту друг вид градежни активности врз нејзини делови. Изградба на општински улици е во надлежност на општините додека на Градот Скопје се надлежност булеварите и сообраќајниците кои се опфатени во ГУП“, велат од градот.

„Потпорниот ѕид кој е изграден со функција ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, стои во соопштението од Град Скопје.

10.06.2024 - 16:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега