За еден час одложено продолжението на седницата за носење на измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа

Собранието вечерва ја продолжи втората седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка. Но, по самиот почеток, пратеникот на Левица Борислав Крмов побара еден час пауза повикувајќи се на член на Деловникот за работа на Собранието, за како што кажа да се забави носењето на Законот. 

Се очекува седницата да продолжи десетина минути пред полноќ.

Претходно Предлог-Законот се разгледуваше на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија, а во попладнето беше изгласана потребата за негово носење.

 

07.06.2024 - 23:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега