Ребека: Пеев додека ги раѓав моите близначиња!
Популарната македонска пејачка Ребека за Утриснки весник раскажа дел од деталите околу раѓањето на нејзините близначиња.
- Доротеј и Макариј се мирни бебиња, но воопшто не личат еден на друг, едното е покрупно, а другото скоро килограм помало, вели пејачката.
Таа додава и дека пеела на самото породување.
- Пеев! Пеев на самото породување! Ја пеев „Твинкл, твинкл, литл стар“, а Мики, мојот сопруг, беше покрај мене за време на целото породување. Инаку, со Маркијан се породив природно, а со близнаците со царски рез, и сега можам да направам убава споредба. Знам дека во последно време е хит меѓу младите мајки да се пораѓаат со царски рез, но искрено јас многу поубаво поминав природно. И покрај сите болки што траеја 12 часа, сето тоа поминува по породувањето и болката е минимална за разлика од царскиот рез, кој, сепак, е операција и 4-5 дена потоа има големи болки. Моја препорака до сите идни мајки е да се пораѓаат природно. Доколку нема потреба, нека не инсистираат на царски рез. Многу е полесно природно, вели Ребека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа