Нови 100 милиони евра од ЕИБ за македонските компании
На македонскте компании наскоро ќе им бидат достапни нови 100 милиони евра што Владата ги обезбеди од Европската инвестициска банка.
Заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини, денеска истакна дека целта е да се продолжи поддршката на приватниот сектор од страна на Владата за зголемување на ликвидноста, извозот и отворање нови работни места. Средствата што ги добива Македонската банка за поддршка на развојот ќе се пласираат до крајните корисници преку деловните банки услови како и претходните три. Каматната стапка е 5,5 проценти, со рок на отплата од осум години за основни средства и грејс период од две години и за обртни средства рок на отплата од три години и шест месеци грејс период. Минималниот износ е 10.000 евра, а максималниот 4,750 милиони евра.
Членовите на Комисијата го разгледа Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи кој предвидува 17,603 милиони евра да ги добие Јавното претпријиатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
Целта, како што рече заменик-министерот за финансии Џеладини, е да се заврши проектот. Средствата ќе се искористат за станови за ранливи категории.
Марјанчо Николов од СДСМ посочи дека опозицијата нема да го поддржи ова законско решение се додека Владата не каже колкав е јавниот долг во државата.
Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија на Македонија потенцира дека опозицијата е упорна да предизвика сомнение кај граѓаните за предизвикување грчко сценарио.
- Македонија редовно ги сервисира обврските и сметам дека треба да ја напуштите таа теорија за влегување во грчко сценарио, рече Авировиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа