Анри го објави тимот за ОИ: Лаказет се враќа во репрезентацијата на Франција
Селекторот на француската олимписка фудбалска репрезентација Тиери Анри објави поширок список од 25 играчи за претстојните Олимписки игри во Париз, јавуваат денеска од тимот.
Француските медиуми пренесуваат дека најпознатото име на списокот на Анри е капитенот на Олимпик Лион, Александре Лаказет.
Репрезентацијата на Франција до почетокот на Олимписките игри ќе одигра пријателски натпревари со селекциите на Парагвај, Јапонија и Доминиканската Република.
Олимпискиот фудбалски турнир ќе се одржи од 24 јули до 9 август, а Франција ќе игра во групата А со Гвинеја, Нов Зеланд и САД.
Списокот вклучува:
Голмани: Лукас Шевалие (Лил), Обед Нкамбадио (Париз), Гијом Рест (Тулуз), Робин Рајзер (Дижон).
Одбрана: Бафоде Диаките (Тулуз), Максим Естеве (Монпеље), Бредли Локо (Брест), Кастело Лукеба (Лајпциг), Килијан Силдилија (Фрајбург), Адриен Труфер (Рен), Лени Жоро (Лил).
Среден ред: Мање Аклиуш (Монако), Жорис Шотарт (Монпеље), Дезире Дует (Рен), Ману Коне (Борусија Менхенгладбах), Енцо Мило (Штутгарт), Кепрен Тирам (Ница), Лесли Угочукву (Челси), Ворен Заир-Емери (ПСЖ).
Напад: Бредли Баркола (ПСЖ), Арно Калимуендо (Рен), Александре Лаказет (Лион), Жан-Филип Матета (Кристал Палас), Мајкл Олисе (Кристал Палас), Матис Тел (Баерн).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа