Приведен разбојник во Гостивар баран со потерница

 


Полициски службеници ноќеска привеле разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна.

- Ноќеска во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ш.(36) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

03.06.2024 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега