Манекенката која ја напушти модата за да му се посвети на Бога остана бремена

 

Кајли Бисути, поранешниот ангел на Викторија Сикрет, кој ја напушти модата и се одлучи да не чекори по модните писти за да му се посвети на Бога, остана бремена.

Таа се откажа од модата во февруари бидејќи како што вели, на пистата се чувствувала како проститутка. 

Манекенката со своите фанови ја сподели радосната вест дека е бремена, на  социјалната мрежа твитер.

- Бремена сум. Едвај чекам ова моло бебе да го држам во рацете, напиша таа.

 

20.12.2013 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега