Љубчо Георгиевски: За неколку години Македонија ќе стане четврта муслиманска држава во Европа
Љубчо Георгиевски во интервју за бугарскиот весник „Пресе“ вели дека е парадоксално тоа што Македонците не си ја признаваат бугарската етничка врска и дека за десетина години Македонија ќе стане муслиманска држава.
Георгиевски за бугарскиот весник вели дека не е поборник на идејата за создавање на етнички чисти држави на Балканот, аико во минатото сакал таа да се реализира.
- „Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон мирот, а не да се соочиме со војна... Ако денес ја анализираме ситуацијата, ќе видиме дека процесите не се тргнати напред. Босна постои само на хартија, таму реално државата не функционира. Косово сеуште е поделено и продолжува да создава проблеми меѓу Албанците и Србите. Македонија е во перманентна нестабилност, чиј опстанок денес зависи само од добрата воља на Албанците. Сфатив дека мојата идеја не може да проработи и веќе не сум активен нејзин поборник, вели тој.
Според Љубчо, за неколку години Македонија ќе биде и муслиманска држава, бидејќи како што вели, дека кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа.
Според Георгиевски е парадоксално тоа што Македонците не ја признаваат бугарската и врска и дека некогаш се плаши дали овие процеси не се вистински страв од реалноста со кој народ сме најблиски и со кој народ делиме иста приказна.
Република Горна Македонија или Република Северна Македонија е сосема прифатливо решение, изјавува Љубчо запрашан окол македонско-грчкиот спор за името.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа