И после четири обиди Уставен суд не избра нов претседател, гласањето продолжува утре

 


Во Уставниот суд денеска се бира нов претседател на Судот, кој ќе дојде на местото на досегашната претседателка, Добрила Кацарска, на која мандтот ѝ истекува на 2 јуни.

До сега се одржале четири обиди, но безуспешно.

Уставните судии не можеа да се договорат кој ќе биде претседател на највисокиот суд во државата. Ниту Ана Павловска Данева, ниту Татјана Васиќ Бозаџиева не ја добија довербата од своите колеги за претседател на Уставниот суд откако заврши три-годишниот мандат на Добрила Кацарска.

За избор на претседател на Уставниот суд потребни се 6 од 9 гласа, односно двотретинско мнозинство. Кандидатите не можат да се кандидираат сами, туку тоа го прави некој од останатите судии. Засега не е познато кој ги кандидирал Павловска Данева и Васиќ Бозаџиева.

Гласањето продолжува утре.

30.05.2024 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега