Од утре времен режим на сообраќај на патот од Кокино до село Арбанашко
На регионалниот пат од село Кокино до село Арбанашко од утре ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно од 10 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин во двата правца поради градежни активности.
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека секој работен ден од понеделник до сабота во периодот од 10 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин.
- Времениот режим ќе трае 30 дена, односно се до завршување на градежните работи, се наведува во соопштението.
29.05.2024 - 14:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа