Прашањата нема да им бидат непознати на учениците - нови измени во екстерното тестирање

 

Министерството за образование и наука го унапреди системот за екстерно тестирање. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Креиран е т.н. јавен отворен базен на прашања за сите предмети во основно и средно образование кои се дел од екстерното тестирање што значи дека од годинава ќе им бидат јавно достапни на учениците 30-тина дена пред полагањето, а три дена пред полагањето ученикот точно ќе знае по кои предмети ќе полага.

- При изготвувањето на прашањата кое е во тек, во предвид се зема застапеноста на наставниот предмет, односно неделниот фонд на часови по тој предмет. Така на пример за предмет кој е предвиден со еден час неделно ќе се изготват приближно 100 прашања, а за наставен предмет кој е застапен со два часа неделен фонд, приближно 200 прашања, истакна на прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Новина е и тоа што од годинава со екстерното тестирање ќе бидат опфатени и учениците од завршните години кои ќе полагаат во текот на јануари.

 

20.12.2013 - 12:31
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега