УХМР соопшти кога се очекува стабилизирање на времето
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.
Времето во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. T= 26 °C, P= 980 hPa, U= 43 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).
УХМР најавува дека до четврток ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Стабилизирање на времето се очекува од петок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа