Какво време не очекува наредните денови


До четврток во земјава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Како што информира УХМР, во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Пораст на температурата се очекува кон крајот на неделата.

Според УХМР, во Скопје утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено поројни. Потоа во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

13.05.2024 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега