Автомобил излета од патот, едно лице загина

 


Завчера во 10.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(70) од Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.С.(65), констатирани во Медицинскиот центар Битола, каде што биле задржани на лекување, а вчера возачот П.С. им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

15.04.2024 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега