ВИДЕО: Уапсен новинарот Фуркан Салиу за напад врз специјалци - му нашле и пиштол во возилото
Новинарот Фуркан Салиу е уапсен денеска на фудбалски натпревар. Причината, како што велат од МВР, е напад врз специјалците од Единицата за брзо распоредување.
Инцидентот се случил на стадионот во селото Средно Коњари за време на натпревар меѓу ФК „БКВ Коњаре“ и ФК „Куманово“.
-На дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка, велат од МВР.
Но во возилото, сопственост на новинарот Салиу бил пронајден и пиштол.
-Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило "дачија дастер", сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа