Ја давам ќерка ми за милион лајкови

 

Салем Ајаш од Јемен, на својот Фејсбук профил даде понуда дека ќе ја омажи својата ќерка за оној кој ќе му овозможи милион лајкови на неговата страница и за неговите песни кои таму ги објавува. Досега има 30 илјади „ми се допаѓа“.

Но, неговата понуда ја разгоре расправата на Фејсбук за етичноста на постапката но и за обичајот на „плаќање бракови“, односно големите мирази, на кои младите во Јемен се повеќе се спротивставуваат.

Таткото на невестата вели дека тој се одлучил на овој чекор за идниот зет да го спаси од плаќање мираз, за кој се повеќе луѓе во Јемен немаат пари.

- Затоа побарав виртуелен мираз, изјави таткото пред новинарите на Би-Би-Си, а понудата може и да се намали ако види дека младоженецот многу се труди.

Поради високите цени на бракот оваа зима неоженетите Јеменци одржаа и протест против „давањето мираз“ барајќи да се намали, на разумна цена од најмногу од илјада долари. Сега цената изнесува околу 2,5 илјади долари по невеста

19.12.2013 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега