Гостиварчанка извршила кражба во трговски објект
Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети.
Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
28.03.2024 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа