Какво време не очекува во текот на неделата?

Во текот на ноќта и утре особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, соопшти УХМР.

„Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе опадне.

Потоа до четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст“, стои во соопштението од УХМР.

25.03.2024 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега