Прво ограбил продавница, а потоа провалил и во куќа, полицијата го приведе

 


Вчера во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип го лишиле од слобода В.Б.(41) од Свети Николе. Тој се сомничи дека на 19.03.2024 во продажен објект во Свети Николе извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, додека на 20.03.2024 извршил кривично дело „тешка кражба“ од куќа во Свети Николе, од каде одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените.

По целосно документирање на случаите, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

21.03.2024 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега