Македонија бележи напредок на Глобалниот индекс на среќата
Вчера беше меѓународниот ден на среќата и со тоа беше објавен Глобалниот идндекс на среќата, на кој Северна Македонија се најде на 84 местото, што е напредок од три места во однос на минатата година.
Во 2013 година, земјава се наоѓаше на 118 позиција на Глобалниот индекс со оценка од 4574, што значи за 11 години земјава бележи раст од 34 места и подобрување на оценката од 795, на сегашните 5369.
Северна Македонија се уште котира ниско на Глобалниот индекс, но забележлив е постојан напредок и доближување, па дури и престигнување на некои земји од регионот.
21.03.2024 - 11:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа