Груевски ја посети канцеларијата на НАТО во Скопје
Шефот на Владата, Никола Груевски, денеска на покана на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје оствари средба со полковник Александар Александров, раководител на Канцеларијата, на која се запознал со сите активности.
Полковникот Александров, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, истакнал дека Канцеларијата за врски на НАТО е целосно вклучена во процесите и активностите кои ги прави државата во областа на одбраната позитивно оценувајќи ја подготвеноста и степенот на професионализација на воените сили на Република Македонија.
Двајцата соговорницио изразиле големо задоволство од досегашната соработка на Канцеларијата за врски со македонската Влада, а била нагласена посветеноста на Македонија за траен мир и стабилност, како значаен сегмент за развој на регионот, како и високиот степен на подготвеност што дава перспектива за полноправно членство во европските и евроатланските интеграции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа