Исклучени од сообраќај пет автобуси, имале неисправни сопирачки

 


Вчера од 07.00 до 11.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

При контролата биле откриени и законски санкционирани 5 (ГВ) технички неисправни возила, кои имале неисправни сопирачки.

Возилата веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4).

14.03.2024 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега