Удрил во автомобил на наплатна рампа и избегал, полицијата го пронајде
Вчера во 10.26 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Гевгелија, на наплатна станица „Сопот“, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки удрило во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35) од Скопје, по што го напуштило местото.
По преземени мерки, полициски службеници во близина на с.Сопот го пронашле возилото и во него затекнале пет лица мигранти од Народна Република Кина.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
11.03.2024 - 16:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа