Пожар во угостителски објект во Охрид, причинета поголема материјална штета

 


Голем пожар рано изутринава избувнал во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Околу 3:30 часот утрово пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила,  со што е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.


Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета.

10.03.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега