Кумановец крадел од возила и приватни имоти, полицијата го уапси

 


Вчера во 17.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово.

Тој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово.

А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

08.03.2024 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега