42-годишен маж ќе одговара кривично - полицијата му најде марихуана

 

 

42-годишен маж од Кичево се соочува со кривична пријава, оти полицијата во автомобил му нашла марихуана. 

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Г.(42) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во неговото возило, извршен на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана“, информираа од МВР.

04.03.2024 - 17:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега