Отворена кутија за донација за Османи - не мора да се задолжуваш

Во духот на нашиот политички ангажман насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после 8-ми мај ќе го пратиме во политичка пензија и ќе остане без работа, одлучивме да преземеме акција и да ги направиме неговите опозициски денови поубави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, поставивме кутија за донации пред Министерството за надворешни работи, за што испраќаме апел до сите македонски граѓани да донираат.

Ситуацијата во Македонија, за жал, е дојдена до ниво да можеме да ја опишеме само на саркастичен начин. Додека функционери чии блиски фирми добиваат милионски тендери и се жалат дека немаат, фондовите и институциите под нивна контрола се нефункционални, а ние како млади луѓе сме приморани сопствените средства, да ги двоиме за лекување на нашите сограѓани.

Во ситуација кога над 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, кога потрошувачката кошница е 60 илјади денари, а платите изнесуваат околу 30.000 денари, безобразно е Бујар Османи да се жали со неговите над 120.000 денари плата.

Деновите до крајот на ова безредие се одбројани. Македонија наскоро повторно ќе добие политичари кои се чесни, нова генерација на лидери кои ќе се грижат не за сопствениот џеб, туку за оние на кои помошта им е најпотребна, истакна Ристески.

Целата пародија доаѓа по изјава на Османи дека ако не земе плата на крајот од месецот ќе мора да се задолжи.

29.02.2024 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега