Колева: Пендаровски покажа дека е претседател на сите граѓани во државата


СДСМ има докажан претседателски кандидат кој изминатите години, докажа дека е близок и комуницира со сите граѓани. Посетува занаетчии, граѓански институции, секојдневно е во контакт со луѓето, и покажа дека е произлезен од народот, а претседателскиот кабинет никогаш не бил повеќе отворен од сега. Личноста на претседателот, колку тој е авторитетен меѓу граѓаните дава додадена вредност покрај тоа што е поддржан од одредена структура, рече пратеничката на СДСМ Даниела Колева во „Студио 10“ на 24 Телевизија.

Таа потенцираше дека откако СДСМ дојде на власт, се создаде клима и атмосфера за секој од граѓаните да може да си го каже своето мислење.

„ Се врати демократијата, се ослободија медиумите, луѓето се ослободија, секој да може да каже што мисли. Луѓето почнаа да коментираат и дискутираат јавно. И жално е што ДПМНЕ продолжува да ја злоупотребува демократијата со напади, лаги и ширење дезинформации за да собираат политички поени. Се што започнавме како реформа наидовме на препрека и блокади од страна на ДПМНЕ “, рече Колева.

Таа додаде дека СДСМ е партија која има огромен број на традиционални партнери и дека тоа е нешто што ДПМНЕ го нема затоа што функционираат во затворен круг без пријатели. Луѓето сакаат да видат план и програма, а СДСМ се што досега вети и го оствари.

28.02.2024 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега