Ковачевски: Пред избори ќе се изнаслушаме сешто - не ги коментирам условувњата на ДУИ

Екс премиерот Ковачевски не сакаше да ги коментира условите на албанските политички партии за избор на Претседател во Собранието. Вели тоа се услови кои не зависат само од една партија

Ќе видиме многу изјави и затоа нема да ги коментирам. Се наоѓаме во изборна кампања, сите ќе ветуваат, ќе предлагаат предлози кои не зависат само од нив. Ако зборувате за промена на Устав тој зависи од две третини. Така да не би ги коментирал, до изборите ќе слушнеме многу предлози, така што граѓаните на 8 мај ќе кажат кои се тие предлози кои ги прифаќаат – рече Ковачевски.

23.02.2024 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега