Тошковски: Максимум може да се направат по 3.000 пасоши дневно, до Нова Година ќе завршиме

Дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови.

Техничкиот министер за внатреши работи, Панче Тошковски во гостувањето во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител вели дека најважно е да не се изгуби континуитетот и динамиката во испораката на обрасците.

-Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно, вели Тошковски.

Според неговите прогнози, пасошите ќе се обноват до Нова година доколку се биде во ред со машините и со испораката на обрасците.

-До Нова Година ќе може да се стаса, имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците - ќе може да ги обновиме оние пасоши 650.000 со старото име. Уште една машина не може да се обезбеди, затоа што сега се избори, а таа постапка трае долго врме. Ако работиме 25 дена во месец, по 3.000 на ден, тоа е 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват, рече Тошковски.

21.02.2024 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега