Дебелината и прејадувањето се симптоми, а не причина: Емоционална позадина на дебелеењето

 

Дебелината и прејадувањето се симптоми, а не причина. Причина за тоа се негативните чувства кои не се разрешени и произлегле од специфични случувања од минатото, кои се собираат во текот на времето.

Сите имаме такви чувства кои ги носиме во системот, најчесто не сме ни свесни за тоа, а создаваат немир. Некои ги смируваат со храна, некои со други деструктивни однесувања како алкохол, дрога, лекови, претрпување со работа и слични облици на самоказнување, како што е започнување и останување во врски кои создаваат негативни чувства.

Дебелината е здравствен проблем, многу истражувања ја имаат поврзано со многу болести кои можат да бидат и смртоносни. Дебелината е проблем и за самодовербата, многумина мислат дека не се привлечни, а проблем прави и за нашата флексибилност, сила и општото чувство на контрола врз телото.

Сите знаеме дека ако јадеме квалитетно и избегнуваме штетна храна и дека ако повеќе се движиме или вежбаме – ќе бидеме здрави и витки. Тоа не е нешто многу комплицирано, но и покрај тоа постојано се мотаме околу фрижидерот.

Треба да целиме кон коренот на проблемот, да „копаме длабоко“ со одење во минатото и да ги пронајдеме настаните од кои произлегле тие негативни чувства и ограничувачки уверувања. Силата на волјата и самоконтролата кај повеќето луѓе не е долгорочна и најчесто резултира со диети по кои бргу ги враќаат килограмите.

Запрашајте се себеси: Кога почнавте да се дебелеете?

 

Нема единствен шаблон за тоа што предизвикува немир кај луѓето или пак универзална причина поради која луѓето посегнуваат по храна. Понекогаш случувањата не мора дури ни да бидат поврзани. Но, прашањето кое останува, а чиј одговор ќе ви помогне да почнете да размислување за промена на навиките е: „Како вие ги решавате вашите немири?“

16.02.2024 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега