ССМ: Се чудиме на паметот на судиите, ова е прв случај во светот да се конфискува Работнички дом

 

„Во консултација со нашите братски синдикати од европската и светската конфедерација на синдикатите и во консултација со претставниците на меѓународната организација на трудот можеме да кажеме дека не постои ниту еден ваков случај во некоја постсоцијалистичка или комунистичка држава да се одземе дом граден од синдикална членарина од работниците за синдикатите“, велат од ССМ  и бараат разрешување на тројцата судии кои ја имаат донесено одлуката за конфискување на Работничкиот дом.

„Ова е прв случај во светот и веројатно Македонија како и по многу други работи, ќе биде позната за првпат и тоа е за да се разграба работничкиот имот за некој бизнис и се сомневаме на други интереси во конкретниот случај“, велат од ССМ.

Од ССМ бараат, како што рече Трендафилов, судиите да бидат разрешени од функцијата вршење на судија во постапка спроведена со закон.

„Писмата со поддршка кој ги добиваме ќе бидат доставени до министерот за труд и социјала, се разбира и до Владата, поддршката од сите страни е кон сојузот на синдикати на Македонија, против оваа политика, и на Владата која го започнала овој процес и на судот кој ја донел ваквата срамна пресуда. Ги испративме пресудите до сите експерти на европско ниво со кои ние како синдикати располагаме и сите се чудат на паметот на овие тројца судии на каков начин ја донеле пресудата надвор од правото. Во Македонија веројатно целта на некој беше досега правото да стане неправо, меѓутоа сметам и дека со новата Влада не смееме да го дозволиме тоа“, завршуваат од ССМ.

Во образложението на пресудата се наведува дека Врховниот суд на Република Северна Македонија одлуката ја донел врз основа на член 82 од Законот за здруженија на граѓани и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/1998), според која имотот и средствата доделени на општествените организации и здруженија на граѓани, добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост.

14.02.2024 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега