Кавадарчанец загина на автопатот „Пријателство“ – со „голф“ се забил во банкина

 

44-годишен кавадарчанец го загуби животот вчера откако со возилото „фолксваген голф“ удрил во банкината до коловозната лента.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила претпладне околу 11:15 часот на автопатот „Пријателство“ во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко.

атничко возило ,,фолксваген голф”  со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот.  Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде била констатирана смрт, велат од полицијата.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

13.02.2024 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега