„Богордица“ под клуч без Северна: На кои граници се минува со стари документи

На граничните премини со Србија и со Грција утрово не може да се помине со стари патни документи. Српските граничари неофицијално велат дека имаат насоки да не пропуштаат македонски државјани кои немаат нов пасош или нова лична карта. Според неофицијалните информации, сообраќајната дозвола и возачката дозвола српските граничари не ја проблематизирале.

На граничниот премин Богородица Грците строго ги применуваат правилата. Според информациите од терен, на грчка територија од утрово не може да се влезе ако ви фали било кој од новите документи (пасош, возачка, сообраќајна) или пак немате НМК налепница на автомобилот. Повеќе македонски државјани утрово биле вратени на овој граничен премин.
Слична била состојбата и во Дојран.

За преминот кон Бугарија, до овој момент не можеме да обезбедиме информации како се спроведува целата постапка за влез во земјата.

Неофицијално, на граничниот премин кон Косово не се прават никакви проблеми, а македонски граѓани непречено минуваат со стара лична карта. Исто така неофицијално, проблеми за влез со лична карта не се прават ниту во Албанија, иако за овие информации официјална потврда до овој момент не можеме да добиеме.

Од вчера не важат пасошите со старото име. Дозволите се уште се во сила за внатрешна употреба по вчерашните законски измени но доколку ви биде побарана на граничен премин, можно е да имате проблеми со неа. Исто така, Грците не пропуштаат возила кои имаат сообраќајна дозвола на која пишува Република Македонија.

13.02.2024 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега