Ковачевски: Возачките дозволи ќе ги издаваме бесплатно

Досега се сменети 1,2 милион патни исправи, а на брзината на замената на патните исптави влијаеше тоа во изминативе години имавме две години пандемија која ги наруши каналите на снабдување, наруши голем број на производствени процеси и можноста за брзо издавање на документите и предизвика скоро две години да имаме мерки за фиизчко разграничување на граѓаните, изјави денеска претседалелот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање зошто толку доцни издавањето на личните документи со новото уставно име

– Голем дел до патните исправи се заменети. Секое ширење на паника, секое давање на популистички изјави кои не се во насока на решавње на проблемот, туку во насока на себеистакнување, не носат ништо добро. Затоа вчера пратеничката група на СДСМ и претседателот на Собранието кој сега е од нашата партија, во разговор со сите партии дојдоа веднаш до консензус дека треба да се продолжи рокот на важењето на документите за внатрешна употреба. Нашите минситри денеска на седница на Владата ќе предложат замената на возачките дозволи до крајот на годината да биде бесплатна, на трошок на државата, за да се реалиизра и тој процес како што треба – рече Ковачевски.

13.02.2024 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега