Џафери: 650.000 граѓани немаат потреба денеска да ја напуштат државата

 

Техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање рече дека државата ги направила првите чекори за решавање на хаосот со издавањето на личните докѕменти.

 

-Прво и основно ние ги направивме првите чекори за прашањето за внатре комуницирање и движење безбедно на граѓаните, рече Џафери.

 

Вели дека се преземаат организациски процедури за да се обредат обрасците за падоши.

 

-Јас се надевам дека 650 илјади граѓани истиот ден денеска ниту имаат потреба, ниту пак има можност да ја напуштат државата. Така што, сукцесивна работа и навремено и самите граѓани да се најават и да се обратат до подрачните единици на МВР за да можат да покренат постапка за замена на документите, рече Џафери.

13.02.2024 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега