Собранието изгласа: Возачките со старото име ќе важат до крајот на годината

Собранието по скратена постапка ги донесе измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата со што возачките со старото Уставно име се уште се во сила. За предлогот гласаа сите присутни пратеници.

За збор, пред гласањето, се јавија пратениците Бејџан Иљаз од Демократската партија на Турците, Димитар Апасиев од Левица и Гордана Сиљановска-Давкова, независен пратеник. Иљаз укажа дека се прави дискриминација врз труската заедница која, објасни, за лични документи треба да аплицира на други јазици, а не на труски. Тој побара од надлежните институции да преземат иницијатива за итна набавка на пасоши на турски јазик и да ја исправат, како што рече, неправдата кон Турците во земјава. Апасиев оцени дека законските измени за возачките што сега се носат, се носат се изнудени и не претставуваат конечно решение. Според него, во декември ќе треба повторно да се носи ист ваков закон. Сиљановска-Давкова оцени дека и Грција и ЕУ го кршат Преспанскиот договор.

Според првичното решение, возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“, од утре веќе немаше да важат, не само надвор, туку и во државава. Техничкиот премиер Талат Џафер денеска, од тетовско Селце, најави дека ќе оди во Собранието и дека ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со возачките дозволи. Претседателот Стево Пендаровски, пак, вчера ги повика пратениците од сите политички партии да најдат решение за возачките дозволи

 

12.02.2024 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега