Спасов: Владата продолжува со грижата за лицата со инвалидитет

 

          

 На трибината на ВМРО-ДПМНЕ одржана во Велес се обрати и министерот за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија, Диме Спасов.

          Спасов зборуваше за проектите кој Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за грижата за инвалидните лица, лицата со хендикеп, лицата со попреченост за сите оние кои што наоѓаат во социјален ризик како и за старите изнемоштени лица и пензионерите.

          ,,Изминатите години оваа Владата направи крупни проекти за голема подршка и помош на лицата со инвалидност. Еден од тие проекти беше воведувањето на додатокот за мобилност за лицата со телесен инвалидитет и додатокот за слипило за слепите лица во 2012. Оваа право кое што денес го користат голем број лица со телесен инвалидитет и слепи лица, со кое добиаваат 7000 денари месечно финансиска помош од страна на државата.” – рече Спасов за мерките на Владата со која помага на лицата со телесен инвалидитет.

          Спасов додаде дека и со новиот закон кој што веќе е во собраниска процедура се предвидуваат неколку нови дополнителни права за на лицата со различен вид и степен на инвалидност. Со овие закони се предвидуваат и нови права за слепите лица.

          ,,Пред се предвидуваме ново право за додаток за глувост, дополнително за глувонемите лица, ново право кое досега глувонемите лица воопшто го немале и не користеле никаква финаскиска помош. Од почеток на наредната година, од почеток на 2014 година ќе добиваат финанска помош од 4000 денари месечно од страна на државата”  - истакна министерот.

          Додаток за мобилност од 7000 денари од почетокот на 2014 ќе добиваат и лицата со квадриплегија, односно лица лица со целосна инвалидност чиј екстремитетие горни и долни не се подвижни.

          Спасов напомена дека дополнително се помагаат и на самохраните родители на деца со пречки во развојот, а се предвидува и зголемување за 50 проценти на паричниот додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот и исто така предвидување парична помош доколку овие самохрани родители не исполнуваат услови за старосна пензија после 62 години за жени, 64 години за мажи да добиваат парична помош во износ на 8000 денари месечноод страна на државата.

          Во одност на вработувањето на на лица со хендикеп, Спасов рече дека за прв пат во оваа година е распишен конкурс за вработување на лица со хендикет.

          ,,Дополнително во однос на поголема поддршка и помош на инвалидите во нашата држава за прв пат оваа година пред месец дена го распишавме огласот за вработување на 300 инвалидни лица во јавната и државната администрација со кој што навистина и помагаме на овие лица за решавање на нивниот проблем.”

          Во своето обраќање министерот зборуваше и за паралните чекори и директната грижа кон пензионионерите. Зголемувањето на пензиите од 50 проценти во однос на просечната пензија и успешната реализиација на проектот за банско-климатска рекреација се дел од мерките кои успешно се реализираат. Досега оваа бесплатна услога за банско-климаткса рекреација ја искористиле над 23.000 пензионери, а веќе од наредната година обезбедени се средства за нови 5500 пензионири. Спасов ги поттикна пензионерите да ја искористат оваа услуга и да аплицираат на огласот кој ќе излезе во јануари.

          Во однос на приминатели на социјалната парична помош Спасов истакна:  Во однос на примателите на социјалната парична помош, предвидуваме повеќе проекти, едниот е секако зголемувањето на социјалната парична помош, досега паричната помош е зголемивме за 40,5 проценти, дополнително од март ќе се зголеми за уште 5 проценти.

 

          Mинстерот за труд и социјална политика во Владата на ВМРО-ДПМНЕ на крај искажа задоволстово од системските проекти и системски реформи, но истакна и дека се грижат и за решавање на поединечни прашања како што е примерот со 70 стечајни работници од Порцеланка кој треба да добијат обештетување од 29 милиони денари за материјално обезбедување, а се чека одобрување за уште на 20 лица од оваа фабрика.

17.12.2013 - 16:42
Фото: 
вмро-дпмне.орг

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега