Тешко повреден пешак во Куманово
55-годишен пешак од Куманово е тешко повреден откако во него удрило возило „фолксваген пасат“, информираше полицијата.
Како што велат од МВР, несреќата се случила вчера околу 20:25 часот.
-На крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“ и ул.„Моша Пијаде“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(30) од Куманово, удрило во пешакот С.Ј.(55) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа