Полицијата влезе на Онкологија - се вршат претреси

 

Полициски екипи утрото влегле на клиниката за Онкологија во Скопје. Според неофицијални информации од истражните органи, се вршат претреси во канцелариите на тројца лекари од клиниката. Постапката е по наредба на обвинителството.

- Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме,одговориле од ОЈО на прашање на Сител. Клиниката работи вообичаено, а пациентите ги вршат своите потреби.

30.01.2024 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега