Тропски циклон во Австралија: Илјадници останаа без струја

Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд останаа без струја, два дена откако тропскиот циклон донесе разорни ветрови и силен дожд.

Циклонот Кирили, бура од втора категорија, го зафати брегот што се граничи со Големиот корален гребен во близина на туристичкиот град Таунсвил, оставајќи околу 66.000 луѓе без струја.

Кирили е вториот тропски циклон што ја погоди областа откако Џаспер предизвика широка регионална штета во декември.

Портпаролката на Ергон Енерџи, Ема Оливери денеска изјави дека околу 48.700 луѓе останале без струја поради циклонот.

„Целта е до крајот на денот в недела да им се врати струјата на што повеќе корисници. Во некои оддалечени области, чекањето ќе биде подолго“, рече  рече Оливери, додавајќи дека повеќето прекини на електричната енергија се предизвикани од дрвја и големи гранки на далноводи.

Премиерот Ентони Албанес во петокот рече дека војниците се готовност за да помогнат во расчистувањето на областа. 

27.01.2024 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега