Констатирани оставките на Ковачевски и Џафери
Штотуку започна 139-тата седница на Собранието. Уште на почетокот пред да биде утврден дневниот ред на седницата, констатирани беа оставките на Димитар Ковачевски и спикерот Талат Џафери.
Кога беше соопштена информацијата дека оставките се констатирани оставките на Џафери и Ковачевски следеше голем аплауз од страна на пратениците, но и извици кога беше соопштено дека нема да има нивно образложение.
Со оставката на Ковачевски практично прекинува мандатот и на сите актуелни министри, на целата Влада.
На седницата се очекува да биде избран и новиот собраниски спикер, за ова место е предвиден Јован Митрески од редовите на СДСМ и актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа