Џафери поднесе оставка од функцијата претседател на Собранието
Претседателот на Собранието Талат Џафери поднесе оставка, каде во тек се постапките за формирање на техничката влада.
Како што и беше најавено, покрај премиерот Ковачевски, на ред беше Џафери.
„Ве известуваме дека денес претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата согласно член 115 од Деловникот за работа на Собранието. Воедно, известуваме дека го овласти потпретседателот на Собранието на РСМ, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана на 26 јануари 2024 година“, стои во соопштението на Џафери.
25.01.2024 - 16:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа