УЈП со важно соопштение за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е-ПДД и поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од  26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот.

Оваа интервенција ќе се изврши за време на викендот, а откако ќе се извршат активностите, УЈП навремено ќе ги информира граѓаните.

„Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници“, се наведува во соопштението од УЈП.

Поради  вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година“, стои во соопштението од УЈП.

 

25.01.2024 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега