Со Џафери немаме ист стил за водење на Владата: Ковачевски ја поднесе оставката

 

Денеска, премиерот Димитар Ковачевски лично ја поднесе оставката до Собранието, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката в недела на 28 јануари.

„Денеска, како што кажав, ќе го направам она што е предвидено според законот. Мојата оставка е потпишана, сега ќе ја однесам во архивата. Ќе се видиме со претседателот на Собранието, ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер на владата“, истакна Ковачевски.

Потврди дека имал неформална средба со министрите, на која им се заблагодарил за, како што рече, напорната работа во овие изминати две години.

На прашањето што очекува и што ќе му пoрача на Џафери како нов премиер во техничката влада, Ковачевски рече дека Џафери е искусен политичар со поинакво искуство од неговото.

„Јас дојдов со друго искуство во водење корпорации, така што, веројатно, стилот нема да биде ист, меѓутоа државата секако дека ќе го задржи својот стратешки правец, а тоа е западната ориентација, стратешкото партнерство во САД и техничката влада исто ќе се грижи за граѓаните, бидејќи сè уште сме во криза, така како што ние тоа го правевме во изминатите две години. Ова е нешто што е предвидено според законот“, рече тој.

Изрази уверување дека на 9 мај повторно владата ќе ја предводи тој.

„На 9 мај повторно владата ќе ја предводам јас и ова парламентарно мнозинство кое ќе обезбеди полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ до 2030 година“, рече Ковачевски.

25.01.2024 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега