Маж од Тетовско платил за бугарски документи, но останал и без документи и без пари

 

Дваесет и петгодишен жител на тетовско село, вчера, во 12 часот, во СВР Тетово пријавил дека во 2022 година женско лице од Кочани, со кое претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, а за возврат тој ѝ платил одреден паричен надомест.

Меѓутоа, досега ниту ги добил документите ниту му биле вратени парите.

Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.

23.01.2024 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега