(ФОТО) Спасовски на средба со Агелер: Имаме соработка, постигнуваме резултати

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски остварил средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. Според информациите на надлежните, на сребата  се дискутирало за успешната соработка што нашата држава ја има воспоставено со САД, но и за напредоците и постигнатите резултати на МВР.
„Потврда за успешната соработка на МВР и Владата на САД, од страна на амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер
Денеска, на средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, придружувана од економскиот советник, Рајан Милер, изразив благодарност кон амбасадорката на САД, Агелер за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.
Како стратешки цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија беше целосно фокусирано изминатиов период, ги посочив борбата против организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот.
Најголем дел од поставените цели на ниво на МВР успешно и на високо професионално ниво беа реализирани со постигнати одлични резултати, за што добивме признание и честитки и од високите претставници на администрацијата во САД со кои неодамна остварив работни средби во Вашингтон“, се наведува во објавата на министерот за внатрешни работи на Фејсбук.

23.01.2024 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега