Телма: Mинистерот за информатичко општество Азир Алиу ќе си поднесе оставка

Попладнето, се очекува министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу да одржи прес-конференција, а Телма неофицијално дознава дека е можно Азир Алиу да си поднесе неотповиклива оставка, а причините за таквото нешто се очекува да ги соопшти на прес-конференцијата.

Причина за ова е што СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда и да го поминат пакетот европски закони, односно закони што се носат со европско знаме.

Имено, станува збор за три закони за реформа на јавната администрација,  два за дигитализација и законот за медиуми.

Откако „Телма“ објави дека Алиу размислува да се повлече бидејќи му ги блокираат законите на кои тој бил фокусиран во изминатите единасесет месеци откако е министер за информатичко општество, во Владата се создала паника.

„Телма“ понатаму додава дека премиерот Ковачевски лично му се јавил на Алиу да го уверува дека законите ќе бидат закажани на собраниска седница во понеделник на 30 јануари, но Алиу барал тоа да се случи до петок, пред изборот на техничката влада.

За намерите на министерот за оставка се заинтересирале и од една странска амбасада на која Алиу отворено им се пожалил дека во СДСМ и ДУИ воопшто не се заинтересирани за евопската агенда на државата туку само се кријат зад неа туркајќи ги личните интереси.

Тој е на чело на МИОА од февруари минатата година.

23.01.2024 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега