Бени Шаќири е новиот директор на МКЦ

Бени Шаќири е новиот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), а ова беше потврдено од градоначалничката Данела Арсовска.

Тој доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев.

Шаќири на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП.

Според процедурата на конкурсот, Управниот одбор на МКЦ ги достави апликациите од кандидатите до градоначалникот на Град Скопје, со тоа што предлага кандидати кои според критериумите се соодветни за позицијата за која аплицираат. Условите, покрај високото образование во областа на хуманистичките науки, се и 5-годишно работно искуство во областа на културата.

Првиот конкурс за избор на директорската позиција распишан кон крајот на септември лани немаше никаква разврска, ниту беше поништен од Градот Скопје, а потоа во ноември се распиша повторен конкурс за истата функција.

Пред една година вработените во МКЦ протестираа поради разрешувањето на Ванчо Богоев од в.д. директор и назначувањето на таа функција на дипломираниот детектив Никола Алексов, примен во МКЦ преку Агенцијата за привремени вработувања.

22.01.2024 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега