Вучиќ во дводневна посета на Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска и утре ќе биде во посета на Макефонија.
Тој ќе учествува на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, по што ќе присуствува и на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“, објавија српските медиуми.
Вучиќ ќе присуствува и на лидерската средба за Планот за раст на Западен Балкан.
Покрај лидерите на Западен Балкан, генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување, Герт Јан Копман, помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О'Брајан и претставници на Советот за регионална соработка, на тој состанок ќе учествуваат претставници на Цефта и Инвестицискиот форум на Коморите на Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа